Американски експерт: На Америка ѝ остануваат уште 90 дена, потоа следи хаос!

Низ серија извршни одредби, претседателот Обама ја обесправил моќта на Конгресот. Слично е направено и со минисеријата на Америка.

Сенаторката Линдзи Греам повикува на воена диктатура, бидејќи предвидува некои страшни случки во блиска иднина.

Црвена зора - Ајде да се потсетиме на некои докази од минатата година како тие кога колона возила на ОН биле забележани како пренесуваат нешто на некое непознато место. Многу е логично тие возила да се чуваат за нешто во иднината, како што е на пример сценарио во стилот на филмот "Red Dawn".

Доколку ова предвидување дошло од некој друг, ќе можеше да се занемари, но станува збор за Др. Тод, кој 20 години работел како економски консултант во Федералните резерви на Њујорк и Кливленд.



Др. Вокер Тод, поранешен консултант во Федералните резерви, смета дека американската економија има уште 60 до 90 дена живот, бидејќи доларот е на работ на колапс.

Предвидувањето на Тод во целост се сложува со досегашните предвидувања на други извори. Нема сомнение дека случка под "лажен аларм" ќе биде искористена за да се воведе воена управа. Воената управа потоа ќе овозможи конфискација на оружје. Конфискувањето на оружјето ќе ги спречи Американците да ја променат власта во државата.



Минисеријата на Америка - Многумина истакнале дека минисеријата на Америка отсликува преземање на оваа држава без крвопролевање, и тоа од страна на Советскиот сојуз. Советите некогаш навеле: "Превратот успеа затоа што ја загубивте државата пред ние да дојдеме. Не е исклучено да биде така и во вистинска иднина".

Што може да се очекува во иднина?

Америка ќе биде соборена на еден од овие начини:

1. "Лажен аларм" како резултат на економски колапс и уништување на доларот.

2. Имплементација на воената управа, можеби со користење на странска војска.

3. Целосен конфликт.

Постојат јасни економски, политички и воени причини зошто Русите сакаат да ја окупираат Алјаска. Според различни извори, руската војска се појавила во неколку помали градови со руско малцинство на Алјаска.

Тие градови се Кечикан, Ситка и Васила. Исто така се наведува дека на брегот биле забележани руски подморници, односно дека руски возила и војска веќе циркулираат на Алјаска.

Ова не е единствено место во САД каде што е присутна руската војска. Руските командоси минуваат низ "обука" во Форт Карсон, Колорадо Спрингс.

Според некои извори, Русите мобилизирале барем две дивизии на истокот на Арктикот, во близина на Алјаска.

Не е тајна дека некои руски сили соработуваат со Министерството за безбедност, околу прашањето за киднапирање на влијателни политичари кои немаат намера да соработуваат.



Дополнителна документација

Неколку пати се споменало колку се важни за Русија островите кои Обама ги подарил. Два од тие седум се идеални за лансирање напад на Алјаска. Останатите пет служат за блокирање на пристап на Американската морнарица во, и околу Арктикот.

Неодамна на интернет се појавила шпекулација дека Путин исчезнал, а вчера било наведено и дека починал. Извори тврдат дека Путин се повлекол во својот бункер во планината Урал. Тоа што не се знае е дали таму се спроведува вежба, или се подготвува нешто големо и опасно, пренесува WebTribune.



Поранешни дезертери на СССР ги предупредиле САД - Анатолиј Голицин е дезертер од КГБ, кој побегнал во САД за да ги предупреди Американците за планот на Русија да ги нападне САД. Голицин смета дека е еден од првите кои откриле дека Русија планира такво нешто.

Според зборовите на Голицин, откако САД ќе се отстрани како стратешка закана, долгорочниот план на Русија ќе биде глобално владеење.

За да ја исполни својата цел, Русија мора да се обедини со Кина и да ги нападне САД. Како од надвор, така и од внатре, наведува Голицин.

Дали е Др. Тод во право? Дали се останати уште 60 до 90 дена пред да настане хаос или ова е само уште една од многуте теории на заговор?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О