Новата научна теорија би можела да одговори на прашањето како настанал животот, а притоа да се исфрли од образложенијата учеството и влијанието на Бога.
Еден од писателите на веб страницата на фондацијата Ричард Докинс, потенцира дека оваа теорија го победува Бога и токму поради тоа самата теорија ги плаши и самите христијани.
Оваа теорија всушност претпоставува дека животот не настанал случајно од древната исконска материја и чудесни молњи. Наместо тоа, животот бил нужност, бидејќи поттикнува од самите закони на природата.
Проблемот за научниците кои се обидуваат да го разберат потеклото на животот е што мораат пред сè да дознаат како живите суштества настанале од нежива материја.
Но, нова теорија презентирана од страна на научник од Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ), Џереми Ингланд, укажува дека група од атоми кои се изложени на извор на енергија подолго време, почнуваат да се реструктуираат, како би добиле повеќе енергија. Така што појавата на животот не е случајна, туку неизбежна појава, секако, ако условите за прераспределба на атомите се одговарачки.
- Ако почнете од случајна група на атоми кои ќе ги осветлувате со светлина, не треба да бидете изненадени ако на крајот добиете билка, смета Ингланд.
Ингланд потенцира дека целта на неговата теорија не е замена на Дарвиновата теорија за еволуција, туку нејзина потврда. Ова е прва теорија која звучи убедливо токму поради математичките аргументи, иако постоеле многу други теории кои во текот на историјата биле презентирани но сепак на крајот се испоставило дека не се доказливи.
- Не велам дека Дарвиновите идеи се погрешни. Напротив, јас велам дека од перспектива на физиката може Дарвиновата еволуција да се именува како специјален случај на општ феномен, додава тој.