Скандал во САД: Патниците со години биле во опасност поради сексуалните апетити на една жена

Вработената во американската служба "Federal Air Marshal Sevrive" била обвинета за повлекување на членови од таа служба, односно таканаречени "воздушни шерифи" од критичните летови, поради сопствените сексуални потреби. Таа ги менува летовите на маршалите во замена за други услуги и на тој начин ги доведувала животите на патниците во опасност.

Специјалистот за организирање на програмата на летови на службата "Federal Air Marshall" во САД, 48-годишната Мишел Д'Антонио, била одговорна за координирање на одложените и пропуштените летови и давала логистичка поддршка на службата на диспечери во Херндон во американската сојузна држава Вирџинија. Поради својата работа, имала пристап до владините документи и досиеја, кои се однесуваат на летовите на воздушните шерифи.


Истрагата околу нејзиното делување внатре во службата започнало кога Лиса Дурон, сопруга на воздушниот шериф Рој Дурон, добила заканувачки повици од самата Д'Антонио, која ѝ рекла дека веќе четири години има љубовна врска со нејзиниот сопруг.


Мрежа на измами

Меѓутоа, тоа што почнало како истрага во љубовна афера, набрзо прераснало во истрага за сериозна мрежа на лаги и измами. Д'Антонио цело време ги проучувала распоредите за летање на воздушните шерифи за кои била сексуално заинтересирана, па во таа смисла ги менувала нивните или својот распоред, без разлика на последиците или ризикот по патниците или летовите.

"Таа е жена која ја привлекуваат значки. Жена која би имала афера со секој маж со значка", тврди Дурон, а пренесува News.com.au.


Ги следела

Работата на воздушните шерифи е да летаат на точно одредени меѓународни и домашни летови, и служат како прва линија на одбрана против киднапери на авиони и терористи. Обично работат во пар, и се распоредуваат според ризикот на летот.


Д'Антонио била обвинета дека ненајавено ги следела своите колеги до нивните хотели, и користела владини документи за да открива каде се движат.
Пензионираната работничка во "Federal Air Marshal Service", Соња Хајтауер, рекла за Д'Антонио дека на колегите им давала посебни третмани.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О