Три правила за појадок што треба да ги следите ако сакате да ослабете

Хранењето поздраво или пак губење на некој килограм, е желба на голем број луѓе. Одличен старт за менување на навиките во исхраната е токму појадокот. Ова е оброкот што треба да биде хранлив и доволно обилен да ве држи сити до ручекот, а постојат три главни правила во врска со појадокот, што треба да ги следите доколку сакате да ослабете.



Јадете веднаш

Истражувањата покажале дека појадувањето го држи метаболизмот загреан – а ако јадете до еден час по будењето, ќе го искористите целосниот потенцијал на телото за согорување на масти. Исто така, јадењето рано наутро ќе се засити и нема да прегладнете додека дојде времето за ручек, па тоа да ви влијае во правење на лоши одлуки во однос на избор на храната. (Нешто поголемо и помрсно). Доколку не можете да се замислите како јадете толку рано, наместо јадење направете си смуди пијалак од ладно нескафе, овошен јогурт со вкус по желба, млеко од бадем и коцки мраз.

Многу протеини

Појадок богат со протеини (пример јајца и павлака) се бори од гладот и доволно ве заситува и во текот на денот јадете помалку, а со тоа и губите телесна тежина. Едно истражување покажало дека жени кои често јаделе јајца за појадок, изгубиле два пати повеќе тежина од оние кои го почнувале својот ден со ѓеврек или кифла. Појадокот со голема количина на протеини е одличен избор за да ве држи сити и енергични речиси цел ден, бидејќи е храна што се разградува и вари поспоро од другите опции. 

Додадете банана

Појадок со висока количина на скроб, ви помага да останете сите подолго и да согорите повеќе калории, бидејќи го тера организмот за ги маснотиите како енергија, односно гориво за функционирање. Ваквиот скроб го има во банани и житарки, па затоа една банана во комбинација со утринскиот оброк или пак житарки со банана се одличен избор за појадок, пренесува Time магазинот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О