Објавена нова фотографија од копилотот Андреас Лубиц, откриено е дека бил „опседнат со Алпите”

28-годишниот Андреас Лубиц, германскиот копилот кој го урна авионот на „Германвингс“ со 150 луѓе, добро ја познавал областа на падот на француските Алпи, која претходно ја посетувал со едрилица. Во меѓувреме, е објавено и негово селфи направено во неговата бања.

70-годишниот Дитер Вагнер, член на клубот за едрење “LSC Vestervald” од родното место на Лубиц, Монтабаур, рекол за австралискиот весник „Australian” дека Лубиц бил„страствен во врска со Алпите, па дури и опседнат со нив“.

Според зборовите на Вагнер, Лубиц ја познавал областа во која во вторникот го урнал авионот “airbus A320”, бидејќи таму летал со едрилица. И од клубот за едрење потврдиле дека Лубиц имал часови по летање во областа 65 километри оддалечена од местото на падот на авионот.



Германски „Bild” вчера објави интервју со стјуардесата Марија В. (26), поранешна девојка на Лубиц, која кажала дека и` зборувал дека оди на психијатарски третман и дека планира спектакуларен гест.

„Еден ден ќе направам нешто што ќе го промени системот и тогаш сите ќе го дознаат моето име и ќе го запомнат“, и` зборувал Лубиц на девојката, на која после трагедијата и` се вратила таа реченица во сеќавањето.

Таа навела дека не знаела што мисли тогаш, но дека сега тоа е очигледно. „Го направил тоа затоа што сфатил дека поради здравствените проблеми неговиот голем сон да работи во „Луфтханза“ и да биде капетан и пилот на други летови е речиси невозможен“, рекла таа.



Парот после неколку месеци се разделил затоа што станувало се` поочигледно дека тој има проблем. Повремено и` се расправал и бил оптоварен со ноќни мори. „Паѓаме“ – викал Лубиц будејќи се од кошмари.

Германските власти објавија дека Лубиц на денот на трагедијата требало да биде на боледување, но не го направил тоа.

Пилотите лути поради истрагата
Британски „Independent” пишува дека пилотите ширум светот реагирале со запрепастување на веста дека копилотот Лубиц намерно го урнал авионот. Германската пилотска асоцијација предупредува на „брзината“ со која се донесени некои заклучоци и смета дека владините органи, компаниите и пилотите треба да работат заедно на решавање на случајот.

Џејмс Филипс, еден од членовите на Пилотската организација, изјавил дека е “лут“ поради сегашниот резултат од истрагата. „Тоа е многу некомплетна приказна“, нагласил Филипс. Американската пилотска асоцијација „Airlines“ исто така се огласила и навела дека „многу фактори“ би можеле да влијаат на трагедијата.



Нема целосни тела

Истражителите кои трагаат по настраданите во летот на „Германвингс“ досега пронашле 600 делови од човечки остатоци, но ниедно целосно тело. Во два хотели во Барселона се воспоставени лаборатории каде што роднини на жртвите даваат примероци од ДНК неопходни за идентификација на настраданите. Комеморација и помен на жртвите ќе биде одржана на 17 април во Катедралата во Келн.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О