„Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Апелираме да биде мирен, без говор на омраза, насилство и истакнување на национални и партиски симболи.
Собирно место е на самиот Плоштад во Тетово во 12:30 часот. Ќе маршираме по улицата Тодор Циповски – Мерџан, преку Иво Лола Рибар, сè до Работничкиот Универзитет, каде што се наоѓаат канцелариите на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и Просветниот инспекторат.
Да кажеме „НЕ“ на лошите реформи во образованието кои од нас направија експериментални глувци. Имаме став, немаме страв!
Приклучи се! Имај подобро и поквалитетно образование!“, стои во повикот на Пленумот.
Средношколскиот Пленум за во среда и четврток најавува и други маршови низ земјава. Претходно, тие до ресорното министерство побараа „одредбите од Законите за основно и средно образование кои се однесуваат на екстерното тестирање, ИТНО и НЕОДЛОЖНО да бидат ставени во мирување“, со што би се отворила дебата околу образовниот процес. Оттаму велат дека се против новиот начин на државна матура, а со кој на средношколците им се крати правото на избор.
Пленумот потсетува дека во кривичниот законик, во член 155, став 1 се вели: „Тој што со сила, сериозна закана, измама или на друг начин, ќе спречи или ќе смеќава, свикување или одржување мирен и јавен собир, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“.
ИЗВОР: БУЛЕВАР.ИНФО