Ана Дурицкаја, и самата Украинка, пред Немцов се забавувала со командантот на баталјонот "Дњепр-1", Јуриј Береза, кој го финансираат украинските олигархи.
Украинската манекенка Ана Дурицкаја (23), позната и како последна девојка на рускиот политичар Борис Немцов, но и како единствен сведок на неговото убиство, се забавувала и со командантот на украинскиот приватен платенички баталјон "Дњепр-1", Јуриј Береза.
Кога се прочуло дека таа била со Немцов кога тој бил убиен, медиумите започнаа да пишуваат дека Дурицкаја е позната украинска манекенка, но новинарите на Moskovskij Komsomolets, кои направиле свое истражување, тврдат дека тоа не е воопшто точно. Тие велат дека нејзината слика никогаш не се појавила на ниту една насловна страна на било кој моден магазин, ниту пак таа заблескала на некоја модна ревија. Колешките на Ана потврдуваат дека таа не ја сакала својата работа како манекенка, па токму затоа и не била доволно посветена.