Ротшилд: Светот е на раб на катастрофа, на Блискиот исток е хаос, Русија агресивна, ЕУ на колена

Покрај турбулентната економска позадина, соочени сме со геополитичка ситуација која можеби е поопасна од било која друга што сме ја имале од Втората светска војна.

Светот сега се соочува со поголема опасност, отколку кон крајот на Втората светска војна. Невработеноста ѝ се заканува на европската економија, а хаос го голта Блискиот исток, предупредува Ротшилд, пренесува британски Telegraph. Светскиот БДП разочарал со нееднаквата стапка на раст во 2014-тата година, по шест години монетарни стимуланси и неверојатно ниски каматни стапки, рекол претседателот на "RIT Capital Partners".

Тој се свртел и кон проценките на берзите. Како што оценува, вредноста на книжните пари е намалена бидејќи државите настојувале да се натпреваруваат генерирајќи раст на штета на своите валути. Еврото и јуанот минатата година ослабеле за повеќе од 12 проценти во однос на американскиот долар.



"Покрај турбулентната економска позадина, соочени сме со геополитичка ситуација која е можеби поопасна од било која друга која сме ја имале од Втората светска војна. Хаос и екстремизам на Блискиот исток, ширење на руска агресија, невработеност и ослабена Европа, во главно поради неспроведувањето на структуралните реформи во многу земји членки на ЕУ", рекол 78-годишниот бизнисмен.

Сепак, оваа процена не е толку мрачна, во споредба со прогнозата од минатата година. Тогаш овој банкар сметал дека забавувањето на растот на кинеската економија и можното преценување на вредноста на акциите би можеле да бидат најголеми предизвици во светот.



Ротшилд верува дека вложување во акции сè уште може да биде добра одлука на инвеститорите и покрај негативниот принос од обврзниците.

Тој позитивно го оценил тоа што повеќето компании транспарентно пријавуваат профити повисоки од прогнозираните, заедно со стабилниот раст на примањата.



"Во Европа, комбинацијата од посилно евро, агресивниот програм на квантитативни олеснувања и приносите на хартии од вредност, може да води кон поголеми вредности на акциите", рекол банкарот во својата изјава.



Инаку, од трговијата со ретки монети со европски крунисани глави од 19-от век, преку паметното вложување во британските акции по битката кај Ватерло, до финансирањето на американските нафтени компании и железници, Ротшилдови денес се дискретно вмешани во разновидни бизниси ширум светот.

"RIT Capital Partners" котира на лондонската берза од 1988-та година. Од тогаш компанијата ја дуплирала својата нето вредност, како и вредноста на акциите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О