Поглед во луксузниот имот на боксерот Мани Пакјао

Боксерот Мани Пакјао на 2.мај ќе се соочи со Флојд Мејведер, меч кој ќе се одржи во Лас Вегас. Пакјао можеби нема толкаво богатство колку Мејведер, но може да си дозволи луксуз, а доказ за тоа е новиот имот што го купи по цена од околу 12 милиони долари.

Се работи за имот што претходно беше во сопственост на хип-хоп могулот Шон Комбс или попознат како Пи Диди, со локација во Беверли Хилс. Огромната куќа помеѓу останатото има седум спални соби, осум тоалети, како и домашно кино со капацитет за околу 20 луѓе, пренесува Yahoo.

Ова е далеку поскап дом од досегашниот дом на Пакјао во Лос Анџелес, чија вредност се проценува на 2,7 милиони долари.
































ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О