Албанците во прешевската долина веќе не кријат дека сакаат да се отцепат од јужна Србија и да се припојат кон Косово, или пак барем да добијат статус како Јужен Тирол во Италија. За работата да биде уште полоша по Белград, ова барање доаѓа на годишнината на референдумот од 1992-та година кога Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац кажаа дека сакаат да се припојат на Косово.
На референдумот организиран во 1992-та година во Прешево, Медвеѓе и Бујановац, како и во повеќе европски метрополи каде што живее албанско население излегле 45.000 Албанци кои во 98% се согласиле дека територијата на Прешевската долина треба да влезе во составот на Косово.
Риза Халими вели дека во Европа постојат примери на унапреден статус на национални малцинства, како што е случајот со германското малцинство во Јужен Тирол во Италија или пак случајот со шведското малцинство на островите Оланд во Финска, а од поново време и српското малцинство на Косово, кое доби значајно повисоко ниво на права благодарение на меѓународните конвенции.
Дали ова е само нов обид да се чекори кон Голема Албанија и предизвикување на нова тензија на Балканот, оставаме експертите да објаснат, но и времето да покаже.
Како и да е, можно е Србија да изгуби уште еден дел од својата територија!