Холивудската ѕвезда Ева Мендез се присетила на почетокот на својата кариера и денот кога гламурозните тоалети за неа биле недостижни.
На својот профил на Инстаграм, актерката поставила фотографија од своето прво појавување на црвен тепих пред 14 години. На својот прв црвен тепих по повод премиерата на филмот „The Others“ во 2001 година била облечена во бел фустан којчинел само шест долари.
Иако поминало повеќе од една деценија, а популарната латина во меѓувреме наполни 41 година и стана мајка, се чини дека Ева воопшто се нема променето за сиве овие години. Нејзините фанови се воодушевени од оваа фотографија на актерката.