
Според илустрацијата на Statista направена е мапа со регионите во кои досега се имаат случено сите забележани напади од ајкули. Кога станува збор за Европа се имаат случено 51 напад од кои 27 завршиле со смрт.
Според Музејот во Флорида во последните десет години шест луѓе во светот починале од напад на ајкули. Во периодот меѓу 1990 и 2006 година починале 11 луѓе од напад на ајкули во САД. Во истиот период 16 луѓе починале од пад во дупки на плажите.
Само за споредба, 585.000 луѓе починале од маларија во 2013 година, додека од напад на носорог годишно во просек умираат околу 3.000 луѓе.