Во месец октомври минатата година се проширија гласини дека Facebook ќе воведе плаќање преку пораки. Денес компанијата ги потврди овие гласини претставувајќи ја новата одлика на Facebook Messenger која им овозможува на корисниците да испраќаат и да примаат пари и тоа без надоместок.
Сè што треба е корисниците да кликнат на ознаката "quot; која сега се појавува во Facebook Messenger и потоа да ја внесат сумата која сакаат да му ја пренесат на другиот корисник. Од компанијата наведуваат дека парите се испраќаат веднаш, иако може да минат неколку дена додека износот да се појави во вашата банка.
Од компанијата наведуваат дека е вложено многу време за да се овозможу безбедна трансакција низ овој систем.
- Користиме безбедносни системи кои ја кодираат врската помеѓу вас и Facebook како и информациите за картичката кога сакате да ги чуваме како информација кај нас, наведуваат од компанијата.
Компанијата исто така порачува дека за безбедноста на ваквите трансфери ќе се грижи сосема нов тим.
- Системот за плаќање е во безбедно опкружување кое е одвоено од останатите делови на Facebook мрежата и ќе добие посебна контрола и надгледување. Тимот за борба против измами ќе ги надгледува сите сомнителни активности како трансакциите би биле безбедни, додаваат од Facebook. |