Зошто никогаш не треба да му се вратите на оној кој ве повредил?

Постојат луѓе кои ве влечат, а кои се едноставно токсични, без разлика дали се работи за врска или нешто за една ноќ.



Кога се работи за нив, постои некоја незаситна неодоливост која ве тера да ги чувате близу до вас, и покрај тоа што чувствувате дека никогаш нема да ги дофатите.

Тоа е како постојано да ја бркате надежта која е пред вас, но сепак вашите прсти од ново да минуваат низ неа без да ја допрете. Паѓате право на глава и тоа не е прв пат да направите нешто такво, а ни последен.

Сакате кога името на личноста ќе се појави на екранот од мобилниот. Давате сè за да ја видите таа насмевка. Го обожавате начинот на кој ве гледа додека сте сами. Сепак, гледајќи во тие очи сфаќате дека тоа не е погледот кој сакате да го гледате.

Таму секогаш се постои неповрзаност, чувство на оддалеченост која ви вели дека таа личност нема да биде покрај вас.

Таа личност може да ви каже дека сте прекрасни и да сакате да верувате во тоа, затоа што тие зборови може да се дефинираат како две спротивности - и како задоволство и како болка.

Дел од вас ја бара таа болка која личноста спроти вас ви ја дава. Тоа е заплеткан круг во кој одите напред и назад од личноста, а не можете да не и се вратите заради тоа што сте убедени дека ве чека.

„Можеби овој пат ќе биде поинаку“ си велите со намерна невиност. Знаете дека никогаш нема да биде така, но сепак ги затворате очите пред фактите.



Проблемот кај личноста која е постојано повредена е тоа што донесувањето одлуки не се заснова на рационалното размислување. Вие совршено добро знаете што се случува, какви ќе бидат последиците и зошто тоа не е добро за вас.

Свесни сте дека постои разлика помеѓу некој кој ве третира како приоритет и некој кој ве третира како опција.

Обично, рационалноста на крајот победува, само треба да помине некое време. Време во кое емоциите ви ја фрлаат голата вистина во лице, затоа што премногу лесно се предавате на желбата и страста.

Често ни кажуваат да не се задоволуваме со помалку од она што го заслужуваме. Тогаш, зошто постојано го правиме токму тоа?

Дали препуштањето на искушението и откажувањето од личната сила во корист на нечија друга желба не прави слаби и недоволно зрели? Или само човечки, ранливи, тврдоглави, жедни за внимание...

Емотивната повреда е најинтимното искуство кое ќе го доживеете во животот.

Иако не можете да ги контролирате емоциите, секако можете да го контролирате начинот на кој другиот ве третира.

Колку и да сакаме некој да се промени заради нас, таа личност, реално, никогаш нема да се промени. Важно е тоа да го препознаете и сфатите.

Постојат толку многу работи кои можете да ги толерирате, но решението лежи во препознавањето на личните граници и она што си го посакувате самите на себе.

Секако дека не е лесно кога ќе се лизнете на старите, добро познати препреки. Но, на крајот од денот среќата е во ваши раце.

Некои луѓе без оглед на тоа колку силно ве привлекуваат, не се вредни за вашата жртва. Имајте го тоа секогаш на ум.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О