Некогаш популарните шпански серии создадоа актерски ѕвезди и заводници кои сите ги обожуваа.
Освалдо Риос на публиката во Македонија и` стана познат преку легендарната теленовела „Касандра“, каде што го глумеше главниот лик кој го освои срцето на Касандра.
Денес, овој актер има 54 години и изгледа одлично, а има голем број на фанови ширум Америка. Глумата и понатаму му е главен повик, но некогаш знае и да запее.
Како актер има глумено во повеќе од дваесет серии, од кои најпознати се „Касандра“, „Раузан“, „Прегрни ме цврсто“ и „Зоро“.
Во приватниот живот, тој досега бил оженет три пати: со актерката Сули Дијаз, со новинарката Кармен Доминичи и со актерката Жералдин Фернандез. Освалдо има три сина.