Само еден ден после несреќата, пилотот направил нешто неверојатно!

Брита Енглиш опишува како патниците во тишина го слушале секој збор на капетанот, а кога завршил, тој добил и громогласен аплауз!

Патничката Брита Енглиш не можела никако да се ослободи од стравот додека влегувала во авионот на Germanwings само еден ден откако се сруши Airbus A320 авионот во француските Алпи.

Но, сите нејзини стравови исчезнале кога го запознала пилотот кој требало да го управува авионот во кој влегла таа.

Всушност, пилотот дал сè од себе за патниците да се чувствуваат безбедно, така што посебно се поздравил со секој од патниците кој влегол во авионот. Кога сите се сместиле удобно, тој одржал и говор во кој меѓудругото кажал дека тој и останатите членови на екипажот имале измешани чувства кога слушнале за трагедијата.

Но, без оглед на стравичната несреќа која што се случила, сите членови на екипажот влегле свесно во авионот и притоа додал дека сите имаат семејство и деца на кои сакаат да им се вратат после работниот ден.
Енглиш опишува дека патниците во тишина го слушале секој збор на капетанот, а кога тој завршил со говорот добил и громогласен аплауз. Нејзиниот пост на друштвената мрежа Facebook беше лајкната од повеќе од 320.000 луѓе.
Енглиш опишува дека патниците во тишина го слушале секој збор на капетанот, а кога тој завршил со говорот добил и громогласен аплауз. Нејзиниот пост на друштвената мрежа Facebook беше лајкната од повеќе од 320.000 луѓе.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О