Славни личности со совршен одговор на прашањето: „Зошто немате деца?“

Овие славни личности дадоа совршени одговори на прашањето зошто немаат деца, а нивните зборови ќе ви докажат дека вашите одлуки ви припаѓаат единствено вам...



Овие славни жени решиле да немаат деца, а нивните одговори навистина ќе ве замислат и ќе ви покажат дека единствената личност која треба да решава за вашиот живот сте токму вие.

Камерон Дијаз: „Имам неверојатен живот”



Во едно свое интервју Дијаз го призна тоа што многу жени без деца веќе одамна го знаат: „Децата не секогаш се клучот за исполнет живот”.


Зои Дешанел: „Никој за тоа не ги прашува момците”



Зои, која во моментов е бремена, ги потсети сите дека исто како што ги прашуваат жените без деца зошто одлучиле да немаат, истото прашање треба да го постават и на мажите. Се согласувате?

Мариса Томеј: „Не знам зошто жените мора да имаат деца за да ги гледаат како човечко суштество”



Ако жената нема деца, дали тогаш таа не ги искористила целосно своите потенцијали? Според Мариса тоа е веќе клише.

Опра Винфри: „Ако имав деца, тие ќе ме мразеа”



Винфри вели дека во нејзиниот живот секогаш на прво место е нејзината кариера, па токму поради неа веројатно ќе ги запоставувала своите деца и тие ќе ја мразеле. Децата никогаш не би ги ставила пред кариерата, затоа одлучила да нема.

Ким Катрал: „Имам главоболка”



Ѕвездата на „Сексот и градот” одговори јасно и гласно: „Сметам дека децата се слатки, смешни и неодоливи...но потоа имам главоболка.”

Џенифер Анистон: „Никој нема право да претпоставува зошто немам деца”



Џенифер смета дека постои соодветна причина зошто во животот на некои луѓе нема деца и никој нема право да претпоставува ништо по тоа прашања. Според неа, да се прашува зошто некој нема деца е навредливо и арогантно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О