Луис Енрике: Суарез покажа зошто го плативме толку

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, изјави дека Луис Суарез со постигнатиот гол во дербито против Реал ги оправдал парите кои клубот ги вложил во неговиот трансфер. Барселона за Уругваецот на Ливерпул му плати 81 милиони евра, а тој во неделата со голот во 56. минута го реши дербито со Реал (2-1).

Контроверзниот напаѓач во второто полувреме го искористи додавањето на Дани Алвеш и го постигна вториот гол за својот тим. Топката која патуваше 30-метри, ја прими меѓу двајцата дефанзивци на Реал (Рамос и Пепе) и потоа го погоди спротивниот агол од голот на Касиљас.

„Луис Суарез покажа зошто за него издвоивме толкава сума на пари. Реал конкурира за сите титули, на исто ниво е на кое сме и ние, но моите играчи беа фантастични. Ова беше многу тежок натпревар. Можевме да постигнеме уште некој гол, но истото можеше да го направи и Реал. Во првото полувреме се мачевме, не успеавме да го притиснеме противникот, па Реал имаше контрола врз натпреварот. Во второто полувреме Реал се мачеше, а нашиот втор гол ни даде дополнителен мотив“, рекол Енрике.

Тренерот на Барселона упати пофални зборови до сите свои играчи, а особено ги истакна голманот Клаудио Браво и дефанзивецот Џерард Пике.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О