Рускиот претседател Владимир Путин не е појавен во јавност од 5-ти март, а веќе започнаа да прават "планови" за тоа каков ќе биде светот кога него ќе го нема.
И повеќе од сигурно е дека нешто се случува во Кремљ во текот на изминатата недела, но што и да е, тоа многу добро се чува во тајност.
Дел од оговарањата на сметка на неговото „исчезнување“ се следните: „Путин е сменет од власт“, „Путин има рак“, „Путин имал срцев напад“, „Девојката на Путин родила син“….а хаштагот „Путин е мртов“ за малку ќе го соборел Твитер.
Други пак сметаат дека Путин во тајност со своите соработници разработува страшно сценарио за Западот или пак за Украина.
Покрај сите овие гласини, „нормално“ е да се постави прашањето: Што ќе се случи ако Путин е мртов?
Бизнис Инсајдер направи една таква анализа:
Постојат правни и политички можности, но ниту една не е предвидување туку само можна алтернатива за новонастанатата ситуација.