Ема Вотсон е прогласена за најубава „Жена на годината“ во изборот на машкиот магазин „Ask men“. Титулата за 24-годишната актерка ја изгласаа читателите и уредниците на магазинот.
„Ема Вотсон има се. Убава е, интелигентна, успешна, посебна и секси. Покрај се таа остана многу скромна и посветена на својата хуманитарна работа“ - напиша магазинот посочувајќи ги причините поради кои оваа млада актерка е избрана за најубава жена.
Второто место го зазема Ронда Роузи, а потоа следуваат Ким Кардашијан, Тејлор Свифт и Линдзи Вон.