Проектот „100 Bodies Across America“ е навистина необичен проект кој ќе ве натера подобро да ги погледнете фотографиите. Фотографката Натали Флечер направи серија интересни фотографии низ различни предели на САД искористувајќи ги како одлична позадина за својот проект.
Со помош на боја за тело таа ги трансформирала моделите од проектот во нешто навистина поинакво, правејќи ги дел од природата, адаптирајќи ги нивните тела на соодветната средина.