Калиниќ признал сè: Јас не касапам, убивам за 5 секунди, само Сколе го убивав минута и пол

Неговиот рецепт, како што рекол, се ликвидации на белградски злосторници кои траат пет до шест секунди.

Во својот завршен збор пред Специјалниот суд, Сретко Калиниќ, кој го носи прекарот Ѕвер, рекол дека не го убил Милан Јуришиќ, бидејќи тој не користи ладно оружје при ликвидациите. Неговиот рецепт, како што рекол, се ликвидации на белградски злосторници кои траат пет до шест секунди. Најдолгата негова ликвидација траела минута и пол, а станува збор за убиството на Зоран Ускоковиќ Сколе.

Калиниќ е обвинет дека со Лука Бојовиќ, Милош Симовиќ и Владимир Милисављевиќ, го убил Бранко Јавтовиќ Јорго и се обидел да ги убие Андрија Драшковиќ и Зоран Недовиќ Шок, при што настрадале двајцата нивни телохранители.

Калиниќ поголем дел од својот завршен збор го посветил токму на ликвидацијата на Јуришиќ, чие тело било распарчено и фрлено во мадридската река Манзанарес. За ова убиство во Шпанија му се судело на Бојовиќ, но бил ослободен од обвиненијата, пишуваKurir.info.rs.

Тамошниот суд со првостепена пресуда утврдил дека не може да се верува во сведочењето на Калиниќ, кој го обвинил својот, како што вели тој, некогашен пријател. Бојовиќ во своја одбрана тврдел дека токму Калиниќ го убил и распарчил Јуришиќ, бидејќи е познат како "касап".



"Бојовиќ два дена го масакрираше Јуришиќ", рекол Калиниќ и додал дека Бојовиќ учествувал во убиството на Илија Нововиќ, како и дека Милош Симовиќ платил за убиството на Кује Кријешторац, сведок во случајот на атентатот на премиерот Зоран Џинџиќ.

Калиниќ го обвинил Симовиќ дека го убил Нинослав Константиновиќ, чија судбина сè уште не е позната.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О