Помина година ипол од излегувањето на анимираниот филм на Disney, „Frozen“, но истиот сè уште е популарен и привлекува внимание. Филмот помина толку добро во кино-салите што веќе се подготвува продолжение.
Во „Frozen“, дејството е поставено околу двете сестри Елса и Ана. Елса е кралицата на Ерендејл и поседува ледена моќ. Елса преку својот допир може да замрзне сè и затоа расте оддалечена од Ана која е непоправлив оптимист. Ликовите на двете сестри станаа многу популарни, а доколку сте се прашувале како би изгледале во реалноста, одговорот можете да го дознаете преку фотографиите што ги објави уметникот Јирка Ватајнен.
Јирка направи цела галерија во која се обиде да покаже како би изгледале ликовите од анимираните филмови во вистинскиот живот. Помеѓу нив се наоѓаат кралицата Елса и принцезата Ана. Јирка создавањето на портретите го прави преку дигитална обработка.