Му скршила четири ребра: Водител ја испровоцирал првенката во UFC

Водителот и` рекол на Ронда Роузи дека смета дека таа нема сила да се бори против маж. Понудил да се испроба неговата теорија и поминал со четири скршени ребра...

Ронда Роузи неодамна ја одбрани титулата во бантам категоријата. Неверојатната Ронда славела за 13 секунди во најкатката борба за титула во историјата на UFC, победувајќи ја Кет Зингано, која до таа борба не знаела за пораз.

Американката и првата освојувачка на олимпискиот медал за САД во џудо во историјата, ја предизвикал водител и тоа пред камери, не претпоставувајќи дека после тој предизвик ќе заврши во болница на снимање.

Ова се случува кога ја провоцирате најсилната девојна на светот.


„Морам да бидам искрен. Како почетник и човек со бел појас во џудо, мислам дека немаш сила и дека не можеш да се натпреваруваш со маж“, и` рекол водителот на Ронда.

Шефот на UFC Ден Вајт, се пошегувал после последната победа на Ронда, велејќи дека ќе мораат да ја префрлат во машка категорија. Ронда одвај го дочекала предизвикот на водителот.

„Навистина знаеш како да ме натераш да те фрлам...“. Не поминала ни една секунда, а водителот веќе бил на подот.

„Оф, мислам дека ми ги скрши ребрата“, рекол тој. „Навистина?“, го прашала Ронда. „Да, мислам дека се скршени“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О