Ријалити ѕвездата Кајли Џенер се облекла многу провокативно кога се појавила на семејна вечера во Лос Анџелес...
Се прашуваме, од кого оваа седумнаесетгодишна девојка научила да се облекува вака и да се однесува толку провокативно, толку млада. Секако, за неа пример се постарите полусестри Ким, Клои и Кортни Кардашијан, но и мајката Крис Џенер која вредно работи на изградбата на имиџот на нејзините ќерки.
Странските медиуми пишуваат дека Кајли веќе одамна изгледа многу постаро за нејзините години, а таа се чини дека ужива во тоа да провоцира со своите провокативни модни комбинации и да го привлекува вниманието на јавноста.
Се прашуваме, дали било неопходно да се облече толку провокативно за семејна вечера?
Инаку, на спомената вечера присуствувале и Клои и Кортни Кардашијан, како и Кендал Џенер.