Една жена го удрила претседателот Николас Мадуро во глава со манго. 52-годишниот претседател на Венецуела возел автобус меѓу луѓето во централниот дел на Арагва минатиот викенд, кога еден плод бил фрлен кон него.
Меѓутоа, Марлени Оливо, жената која го удрила претседателот, имала проблем со својот дом. Полицијата ја повикала на разговор, а таа била преплашена. Претседателот ѝ рекол дека има апартман за неа и ѝ ветил дека ќе јаде манго, пренесува Telegraf.rs.
Овој гест на претседателот јавноста го исмејувала, па настанале и многу вицови на негова сметка.
"Доколку даваат манго за станови, тогаш знаете што да правите...фрлете ананас", се пошегувале од Долар Данас, веб страна која ја критикува власта во Венецуела.
Во желба да ги воодушеви сиромашните граѓани, но и да ги иритира критичарите, Мадуро исто како Чавез, често лично поклонува домови, канцеларии или пензии на луѓе со ниски приходи.
Популарноста на Мадура опаднала откако стапил на должност.
Истражувањата покажале дека околу 45,8 проценти од луѓето планираат да гласаат за опозициските кандидати за време на парламентарните избори, додека само 25 проценти ги поддржуваат владејачките социјалисти, пишува The Guardian.
"Доаѓа ерата на мангото, ајде сите удрете го претседателот и ќе добиете стан", се пошегувал еден корисник на Твитер.