Кога лекарите почнале да ја породуваат се шокирале: Наместо бебе извлекле...

Болката која ја чувствувала ја предизвикал тумор во матката кој бил тежок неверојатни пет килограми...

Мадалина Неагу од Романија мислела дека е бремена и дека и` започнало породувањето, па веднаш отишла во болница. Кога стигнала, лекарите направиле брз тест и сфатиле дека таа воопшто не е бремена, пренесуваат странските медиуми.

Имено, болката која ја чувствувала била предизвикана од тумор во матката кој бил тежок неверојатни пет килограми.


Доктор Дориан Складан рекол дека во почетокот сметале дека дошло до компликации во бременоста, затоа што и самата пациентка им рекла дека е бремена.

„Нејзиниот стомак беше многу сличен на оној кој жените го имаат во деветтиот месец од бременоста и навистина немавме причина да не веруваме дека тоа е случај“, рекол тој.


Итно ја одвеле на операција која траела неколку часа, а сега докторите го очекуваат нејзиното целосно закрепнување, и покрај нејзиниот тумор.

„Ретко се гледа тумор со вакви димензии на ова место. Секако, ова е најголемиот тумор кој сум го видел, што значи дека е најголемиот во овој регион во изминатите 15 години“, заклучил докторот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О