Ѓоковиќ се извини за непријатниот момент од дуелот со Мареј

Новак Ѓоковиќ вчера го освои турнирот во Мајами совладувајќи го Енди Мареј со 2:1 во сетови. Ѓоковиќ беше подобар во овој натпревар и третиот сет го зеде со импресивни 6:0, но еден малку незгоден момент од вториот сет го натера српскиот тенисер да се извини.

Имено, Новак го изгуби вториот сет од Мареј и својата фрустрација ја истури кон луѓето од својот тим каде се наоѓаше и неговиот тренер. Во еден момент емоциите преовладаа, па Новак нервозно свика кон нив, а токму тогаш наиде едно од момчињата задолжени за собирање на топчињата за да му ја подаде крпата. Момчето се најде во средина на сето тоа, а судијата сметаше дека Новак претерал со реакцијата и дека непотребно го исплашил момчето, па затоа го опомена.

Ѓоковиќ потоа преку видео упати извинување до момчето.

„Ја видов повторената снимка и за жал момчето се најде во средина на сето тоа, навистина ми е жал што тој се најде таму. Немав никаква намера да го повредам или исплашам на било каков начин и искрено се надевам дека ќе ми прости“ - изјави Новак, кој додаде дека фактот што сега е родител прави тој работите да ги гледа на поинаков начин и дека им се извинува и на родителите на момчето, бидејќи не би сакал вакво нешто да му се случи на неговиот син.




Just to conclude these fantastic few weeks with a short message to you all. Thanks for supporting me! Amazing start of...
Posted by Novak Djokovic on Sunday, April 5, 2015

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О