Чилеанецот Алексис Санчез е половина година во Арсенал, а веќе е миленик на навивачите на „Топчиите“.
Алексис Санчез е статистички најдобар фудбалер на Арсенал оваа година. Веќе има постигнато 18 голови на 32 натпревари и дефинитивно ги оправда сите 35 милиони фунти кои беа вложени во него. Веќе стана и миленик кај навивачите на лондонскиот тим, а исто така Чилеанецот е омилен и кај своите соиграчи.
„Ние Санчез го нарекуваме Дурасел ("Duracell"). Мислиме дека тоа одлично го опишува Санчез, тој е неуморен, трча најмногу од сите, па затоа доби и таков прекар“, открива напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.
„Во Санчез се споени брзината, одлучноста, талентот и победничкиот менталитет. Кога се чувствувате лошо на теренот, само треба да го погледнете него и веднаш ќе ви биде полесно, тој едноставно ви дава нова сила“, изјави Жиру.