Путин ја шокирал нацијата, но и светот: "Кој ѝ да биде претседател на Русија во 2019..."

Претседателот на Русија веќе неколку пати бил запрашан какви се неговите планови по претседателските избори во 2018. година, но неговите одговори секогаш биле двосмислени.

"Кој ѝ да биде претседател во 2019. година, ќе присуствува на Светскиот шампионат во вештини" - биле зборовите со кои шефот на руската држава денес ја изненадил својата нација, но и остатокот од светот.

Путин таа изјава ја дал по повод давањето на поддршка за организаторот на ова натпреварување во 2019. година, за кое се натпреварува и рускиот град Казањ.

Меѓутоа, неговите зборови одекнале многу посилно, бидејќи индиректно сугерирал дека некој друг би можел да стане шеф на Кремљ.


"Случката за која зборуваме е закажана за 2019. година, а претседателските избори во Русија се во 2018. година. Но, убеден сум дека, кој ѝ да биде глава на нашата држава, ќе му биде задоволство да учествува на овие случувања", рекол Путин пред претставниците на натпреварувањето, кои изразиле надеж дека рускиот претседател ќе се појави во Казањ во 2019. година.

Путин веќе неколку пати бил запрашан какви се неговите планови по претседателските избори во 2018. година, но неговите одговори секогаш биле двосмислени. Во декември 2014. година рекол дека е премногу рано за да се размислува за тоа.

Според најновите истражувања на јавното мислење, кое го спровело центарот "Левада", дури 85 проценти од Русите се задоволни од работата на Путин. Доколку изборите се одржат утре, 74 проценти од граѓаните би гласале токму за Путин.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О