
Како што им објаснил на коалициските партнери, Емил Димитриев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, по протестот на опозицискиот СДСМ на 17 мај, требало да се демонстрира уште поголема масовност и поддршка за власта.
„Протестот треба да биде неколкукратно помасовен од оној на опозицијата, за да се покаже дека власта има неспоредливо поголема поддршка“, рекол Димитриев и побарал од партнерите во коалицијата да достават листи со имиња на членови и поддржувачи кои ќе бидат мобилизирани да дојдат на митингот, како и за бројот на автобуси и други детали.
Како што информираат нашите извори, дел од коалициските партнери не го прифатиле барањето да доставуваат такви листи, со образложение дека ова не е предизборен митинг, дека не можат да го притискаат членството, бидејќи кој сака да дојде – сам ќе дојде!
Засега, освен денот на митингот – 18 мај, не е прецизиран часот на негово одржување, со образложение дека има време, односно дека обврската за негово пријавување е 48 часа пред одржувањето на настанот.
Без прашања за опасност од „блиска средба“
Како што дознаваме, никој од присутните не го отворил прашањето за можни конфликти меѓу учесниците на двата собира, со оглед дека граѓанскиот и натпартиски протест на 17 мај е најавен како активност која ќе трае и нема да заврши за еден ден. На средбата единствено било нагласено, дека во случај опозицискиот протест да продолжи подолго, за провладиниот ќе се бара друга локација. Како што дознаваме, дел од коалициските партнери не потврдиле дека ќе учествуваат во митингот.
Индиции дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува „теренски активности“ веќе навестија провладините медиуми.
Целиот текст прочитајте го тука