Сопственикот на ИКЕА живее во мал бунгалов и ‛се ценка‛ на пазар

Грешите ако си замислувате дека сопственикот на мегабрендот ИКЕА кој има ланци на продавници во 44 земји и остварува профит во милијарди, живее раскошно и луксузно.

Ингвар Кампард, човекот зад кој стои револуцијата на ентериерот, живее во мал бунгалов, се вози со автобус и “се ценка“ на пазар. Иако може да си дозволи приватен авион, лета со економска класа и вечера во рестораните во ИКЕА.Британски Дејли Меил пишува дека го избркале од една швајцарска церемонија на доделување награди за бизнисмени бидејќи дошол со автобус, а од масата си зел сол и бибер за дома.

Кампард годишно остварува профит од над 20 милијарди евра, а неговиот бренд е толку популарен што се вели дека секој десетти Европеец е зачнат на кревет од ИКЕА.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О