Уште еден милијардер вети дека ќе го донира своето богатство

Бил Гејтс и Ворен Бафет пред неколку години изјавија дека планираат најголем дел од своето богатство да го донираат во добротворни цели, а воедно ги повикаа и останатите милијардери да го сторат истото. Откако тие истапија со овој морален повик кон најбогатите, кон идејата се приклучија неколку милијардери, а меѓу последните е Хамди Улукаја.



Хамди Улукаја (43) е основач и извршен директор на компанијата Chobani која произведува јогурт. Овој бизнисмен е роден во Турција, а компанијата ја има основано во 2005-та година во Њујорк и преку неа успеа да создаде бренд преку кој стана милијардер. Forbes неговото богатство го проценува на 1,4 милијарди долари.

Како што пренесува AP, Улукаја одлучи да стане дел од милијардерите што се огласија на повикот на Бафет и Гејтс, според кој треба да донираат повеќе од половина од своето богатство за време на својот живот или пак преку тестамент.



Во интервјуто што го даде, Улукаја вели дека планира да се ангажира за да им помогне на бегалците ширум светот.

Тој во писмото преку кое јавно вети дека ќе го донира богатството, пишува дека бил инспириран од неговата мајка која им помагала на останатите и дека отсекогаш планирал да го донира најголемиот дел од своето богатство.

Јавното ветување има морална обврска за милијардерите. Кон неа, досега се имаат придружено милијардери како што се Елон Маск и Марк Закерберг.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О