Пет полицајци загинаа, над 30 се повредени, нема податоци за цивили


Петмина полицајци загинаа , а над 30 припадници на полициските сили се повредени во денешната во акцијата во Куманово, изјави вечерва министерката Гордана Јанкуловска.

„Сите тие се бореа против тероститичката акција, за жал се уште трае операцијата на терен се додека последниот терорист не биде неутрализиран. Утринава почнавме акција со терористичката група која имала за цел напади на државни институции. Колку се тие опасни покажува што цели 16 часа даваа отпори. Отпорот на поголем дел од групата е совладан по 18 часот и поголем дел од групата с е предаде“, изјави Јанкуловска.

Единиците на терористите породолжија да дејствуваат , дел и од ова група се предаде,а остатокот продолжи уште пожестоко и тука настрадаа нашите колеги. Ситуацијата и понатаму е високо ризична, соопшти Јанкуловска

Нема информација за загинати цивили.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О