ВО ЖИВО од инцидентот во Куманово

Македонската полиција утрово покрена вооружана акција против 'вооружана група' во Куманово.

За по нов апдејт ве молиме да ја рефреширате страната подоцна.

Скопје - 22.40
Како што вечерва е соопштено во Скопје во нередите во Куманово загинале пет припадници на полицијата.

Куманово - 22.25
Моменталната состојба во Куманово е смирена, не се слушаат повеќе пукотници а луѓето се раздвижиле на улиците на градот.

Куманово - 22.10
Како што јавуваат медиумите, веќе е завршена полициската акција во Куманово. Последната група на напаѓачи која пружала отпор е елиминирана.

Репортерката Милка Смилевска известува дека е завршена полициската акција во Куманово.

"Повеќе од половина час не се слушаат пукотници, нема детонации. Тоа покажува најверојатно дека акцијата е при крај или веќе завршена, но за тоа нема официјална потврда", вели таа.

Најавата дека Полицијата ќе оддржи конференција за медиумите неколку минути во Скопје е еден од знаковите дека акцијата е најверојатно завршена.

Скопје - 21.55 

Министерството за внатрешни работи закажа вечерва во 22.30 вонредна конференција за медиумите, јавува известувач од РТС од Скопје Владимир Баниќ.

Приштина - 21.50

Фотографија од автобуската станица во Приштина вечерва. Повеќе луѓе заминуваат за Унгарија.



Прешево - 21.25


Голем број на Албанци во колона од автомобили и 12 автобуси, сите со кумановски регистарски таблички, преминаа денеска на пладне од Македонија кон Србија.

Во автомобилите се цели семесјтва, јавува известувачот од Танјуг од местото на настанот.

Малку од нив се расположени за изјава на медиумите, но наведуваат, дека се бега од конфликтот.

Ситуацијата во Куманово е тешка, се пука и луѓето бегаат и го напуштаат градот, велат.

Еден од Кумановците вели дека ситуацијата е лоша, дека не се размислува, како што наведува, "бомбардирање на својот народ", како и дека оди кај своите роднини во Бујановац.

Еден од граѓаните на Прешево рече дека сестра му која што живеела во Куманово, пристигнала кај него и велела дека има убиени и пукање во градот.

Кумановец, истотака Албанец, ја објасни ситуацијата и кажа дека е опасно, дека има војска, полиција, дека има доста проблеми и дека некои бегаат од градот...

И останатите граѓани кои побегнаа од конфликтот во тој град наведуваат дека има експлозија, дека децата плачат и дека луѓето не знаат каде одат.

"Го зедов семејството и побегнав од градот, рече еден од побегнатите и додаде дека "вака не било ни во Втората светска војна".


Куманово - 21.10


Како што пренесува телевизијата Ал Џезира и како што пишуваат на социјалните мрежи, пукањето во Куманово не е запрено. Во 20:04 часот Милка Смилевска јавува дека пукањето продолжило покрај вестите дека дел од групата се предала... Десетици членови продолжиле да се борат. Пукањето не било забележано околу 45 минути.




Прешево - 20:40
Градоначалникот на Прешево Рагми Мустафа закажа вечерва итна седница во Штабот за вонредни ситуации, поради зголемениот број на граѓани кои од Куманово доаѓаат на кај Србија.

Мустафа им пренесе на Танјуг дека Штабот мора да одлучи што ќе биде со тие луѓе.

"Некои од нив имаат роднини во Прешево и околината, но поголем број немаат и мораме да им осигураме сместување", вели Мустафа.

Голем број на Албанци во колона на автомобили и 12 автобуси, сите со кумановски регистарски таблички, преминуваат денес на преминот од Македонија во Србија.

Во автомобилите има цели семејства, се јави Танјуг од местото на настанот.

Белград - 20.35
Претседавачот на ОБСЕ, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со македонскиот колега Никола Попоски, разговараа за најновите случувања во Куманово, претседавачот најостро го осуди насилството и изрази несогласување поради нападот на човековите животи и мир.

"Она за што сите се залагаме е градењето на подобро и поразвиено друштво, низ долгорочна и секојдневна реформа, а било каков вид на насилство ги загрозува истите темели на друштво", вели Дачиќ.

Министрите се сложиле дека стабилноста на Република Македонија е од клучно значење за стабилноста на целиот регион.

Дачиќ изрази уверување дека не треба да се штедат напорите за спречување на насилството, додавајќи дека неговиот специјален претставник на западниот Балкан, амбасадорот Герард Стоудман и шефот на работната група амбасадорот Дејан Шаховиќ ќе го посетат Скопје наредната недела, се наведува во соопштението на ОБСЕ.





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О