Морничави фотографии од првите пациенти на мозочни операции

Станува збор за фотографии што се дел од неодамна откриен каталог на илјадници направени од познат неврохирург. Повеќе од три децении студентите од Универзитетот Јејл скришно слегувале во подрумските простории каде се наоѓала колекција од илјадници црно-бели фотографии на кои биле прикажани првите пациенти на модерните операции на мозок, пренесува Mirror.



Тие биле пациенти на д-р Харви Кушинг, кој меѓу првите почнал да прави операции врз нервниот систем. По неговата смрт во 1939 година фотографиите ги оставил на идните доктори. Објавени се повеќе од 10.000 фотографии во дигитализацијата на колекцијата, а идентитетот на пациентите е непознат.



Фотографиите се направени во периодот од 1900 до 1930 година и се дел од медицински информации. Повеќето пациенти гледаат во објективот со десната рака поставена на градите. Докторите верувале дека рацете можат да ја одредат здравствената состојба според бојата на пигментите, деформацијата на ноктите и слично.





















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О