Студентите ја сметаат Владата за нелигитимна, ја прекинаа соработката со МОН, продолжуваат со протести


Во знак на револт и несогласување што двајца членови на Студентски пленум се наоѓаат меѓу 8-те приведени од страна на МВР, по протестот од 5 мај, пред Влада. Пленумот вчера донел одлкука да ја прекине каква било комуникација со Министерството за образование и наука, бидејќи не го смета за легитимно. Претставниците на Пленумот ќе излезат од работните групи кои во соработка со МОН, Професорскиот пленум и други институции го подготвуваат новиот закон за високо образование, пренесе А1он.

– Поради крахот на демократските процеци и демократските вредности само се зголемуваат нашите сомнежи во капацитетите и добрите намери на оваа Влада. За студентите, оваа Влада повеќе не е легитимна. На вчерашноиот генерален плену студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за законот за високо образование и прекунување на секаква соработка со Министерството за образование, рече претставничка од Студентски Пленум.


Студентите, за кои нивните колеги тврдат дека не биле насилни, во текот на ноќта на 9 мај биле повикани на информативен разговор, по кој веднаш биле приведени и изнесени пред истражен судија. Одредена им е мерка притвор од 8 дена за кривично дело движење/учество во толпа и спречување на полициски службеник во работата.

– Ние студентите сме посплотени од кога било. Како Студентски пленум изразуваме длабоко сочувство до смејствата на загинатите припадници на безбедносните сили. Се надеваме дека вакво нешто нема да се повтори. Студентскиот пленум го осудува изрекувањето наредби кои се во спротивност со човековите права и слободи, утврдени со Уставот на РМ. Наредби кои доведоа до упадот на специјалци во читалната „Браќа Миладиновци“.

Апелираме до студентите доследено да си ја вршат работата. Се’ досега укажува дека постои селективна правда при што се селектираат студенти со цел да се изврши притиско врз Студентскиот пленум и на сите студенти кои се борат за своите права, вели Марко Христов од Студентскиот пленум.

Ваквото ефикасно делување на МВР во споредба со многуте слични инциденти кои со години чекаат разрешница, покажува дека целта не е правда, туку заплашување на останатите студенти и граѓани смета Студентскиот пленум.

Студентите повикаа на мирни протести.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О