Должност: И дозволил орално да го задоволи, па ја уапсил


Полицаецот Роналд Депелгрин (48) и дозволил на проститутка орално да го задоволи, а потоа и рекол дека полицијата доаѓа, го извадил кондомот и ја уапсил.
 
Еден полицаец призна дека сторил нешто лошо и изјави дека Дијана Грос ја запознал на сајт на кој се нудат сексуални услуги. Потоа договориле да се сретна за цена од 145 долари за половина час.
 
"Ја соблеков мојата облека и Беки стави кондом. Започна со орален секс, а потоа и кажав дека полицијата ќе дојде. Беки погледна низ прозорецот, јас го извадив кондомот и брзо се облеков. И кажав дека сум полицаец и ја уапсив", истакна човекот чија работа е е да ја искоренува проституцијата.
 
"Главниот проблем е во тоа што офицерот во овој случај учествувал во истата криминална дејност против која се бори", истакна адвокатот на проститутката. Сепак, канцеларијата за односи со јавноста на окружната обвинителска канцеларија, изјави дека обвинителот одлучил дека постапка на Роналд "не е пречка да се продолжи со гонењето на Дијана."

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О