Новинари од регионот: Народот ѝ покажа на власта дека повеќе не се дели
Полициската акција во Куманово во која 8 припадници на специјалната единица ги изгубија животите, а над 30 беа повредени во која беше разбиена терористичка група, како и моменталната политичка криза во Македонија го привлече вниманието на медиумите од регионот кои беа присутни на масовниот антивладин протест денеска пред Владата во Скопје.
Нашите колеги Вања Џуриќ од радиотелевизија Војводина, Вјеран Мишурац од ХРТ, како и Марта Расборшек од радиотелевизија Словенија, велат дека регионот се интересира за случувањата во земјава, а нивниот личен впечаток е дека немилиот настан во Куманово уште повеќе ги сплоти сите граѓани во Македонија кои заедно ѝ покажаа на власта дека народот повеќе не се дели.
-Хрватите ги интересира ситуацијата во Македонија. Постарите ги интересира затоа што некогаш сме живееле во заедничка држава, а младите затоа што ги инетересира секоја нестабилност во регионот, која може да се прелие од една во друга држава. Овој протест е легитимен и демократски , не гледам ништо спорно, изјави за НОВА новинарот Мишурац од ХРТ.
-Седум дена по случајот во Куманово сите заедно денеска ѝ покажаа на власта дека не може да се делат, вели новинарката Расборшек од Словенија.
Денешниот протест во Скопје во живо го проследија десетици илјади граѓани од цела Македонија.
Организиран е од Граѓанската и натпартиска коалиција за враќање на достоинството на луѓето и за одбрана на Уставот на Републиката, „Граѓаните за Македонија“, заедно со опозициските партии, студенти и низа активисти и здруженија со барање за оставка на Владата и формирање преодна Влада.
Над 2 000 млади луѓе беа тампон-зона во неколку редови помеѓу полицајците и тие што протестираат, обележани со маички, внимаваа на редот. Протестот помина без инциденти и се одвиваше според организирана агенда, со обраќања на многу личности и пораки за сплотеност на народот, но и оставки од актуелната власта.
Во моментов, пред Владата се поставуваат шатори во кои е најавено дека вечерва ќе кампуваат околу 5 000 луѓе.
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О