Илјадници граѓани се собраа во центарот на Скопје, сакајќи да го изразат својот револт од власта. Настанот се одвива под мотото "Граѓаните за Македонија. Доаѓаме".
На протестите се вееја македонски, албански, српски, турски знамиња. Се претпоставува дека денешните демонстрации имало повеќе од 100.000 луѓе.
Демонстрациите се одвиваа во мирна атмосфера, на бината пред владата зборуваа активисти, политичари, интелектуалци...
Russia Today објавила видео, на кое можете да видите како од воздух изгледал масовниот протест на кој насобраните граѓани бараа оставка од владата.