Езеро толку загадено што се самозапалува


Жителите на Бангалор, Индија минатата недела беа сведоци на самозапалувањето на езерото Беландур, кое важи за многу токсично езеро во земјата, пренесува Huffington Post.

Веќе неколку недели езерото е покриено со токсична пења која на прв поглед изгледа како снег. Под пењата водата има црна боја од хемикалиите и токсините во неа. Токму таа бела покривка може лесно да се запали, така што сега езерото е во пламен.

Според експертите за загадувањето на езерото најмногу придонеле отпадните материи од фабриките во комбинација со човечката канализација, при што се создава запалив коктел склон на спонтано согорување.

Од друга страна, жителите се жалат на различни алергиски реакции предизвикани од токсините што се ослободуваат од пената во пожарот.

Вака изгледа запаленото езеро:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О