Ќе се наежите: Дали вака ќе изгледа крајот на светот?!

Ова е сепак само дигитална фото манипулација на рускиот дизајнер и уметник Евгениј Казанцев. Неговата серија фотографии "Катаклизмата се случува", прикажува големи природни катастрофи и нивното најлошо сценарио.

Санта мраз која тивко приоѓа на плажа по сончев ден. Рој птици паѓа од небото на раскрсница. Дали ова би биле последните страшни вести за климатските промени?



Не, ова е сепак само дигитална фото манипулација на рускиот дизајнер и уметник Евгениј Казанцев. Неговата серија фотографии "Катаклизмата се случува", била направена за една осигурителна компанија. На фотографиите, уметникот создава прикази од големи природни катастрофи, кои ни го прикажуваат најлошото можно сценарио. Меѓутоа, ова се всушност многу возможни ситуации.



Не само што овие појави се возможни, туку и некои од нив навистина се случиле, вклучувајќи ја тука песочната олуја во Барселона и пресушувањето на каналите во Венеција. Тие случки не биле толку драматични како што ги прикажал уметникот, но пораката е јасна - сè може да се случи.



Ова може да биде фантастично сценарио за филм, и носи порака за реалните можности. Сепак, тие се навистина пријатни за гледање, како чудни разгледници од друга планета.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О