Лејди Гага
Иако често изјавуваше дека никогаш нема да оди под нож, Лејди Гага сепак поработила на своето лице и малку го истенчила и намалила носот кој сега изгледа баш онака како што таа го замислила, а промената може да се забележи само со внимателна споредба на фотографии.
Џенифер Анистон
Џенифер Анистон го оперирала својот нос уште во деведесеттите, но бидејќи не била задоволна со изгледот, уште еднаш ја повторила операцијата. Покрај тоа, таа изјави дека е оспедната со ласер терапија затоа што на кожата имала многу дамки од силното калифорниско сонце.
Камерон Дијаз
Иако својот нос не го променила од естетски причини, туку поради повреда со која се здобила на сет, Камерон Дијаз сепак се најде во категоријата на најдобри холивудски пластични операции. Актерката го призна и ботоксот, но изјави дека не и` се допаднал и дека нема да го повтори.
Џенифер Лопез
Иако славната пејачка порекнува било каква пластична операција, фотографиите „пред“ и „потоа“ го докажуваат спротивното. Пејачката го смалила носот и во споредба со старите фотографии, се шпекулира дека имала операција и на брадата.
Жизел Бундшен
Дури и славната бразилска манекенка малку го модифицирала својот изглед. И покрај фактот дека и претходно изгледаше одлично, после операцијата на носот и зголемување на градите за еден број – Жизел Бундшен изгледа уште подобро.
Кејт Хадсон
Популарната актерка е доказ дека пластичните операции можат да бидат речиси незабележливи. Кејт Хадсон во 2009 година малку ги зголемила градите, но се држела до големина која одговара на нејзината градба.
Блејк Лајвли
Модната икона и познатата „Озборувачка“ Блејк Лајвли со помошт на операција на носот се претвори во вистинска гламурозна дива. И покрај помалиот хируршки зафат, и понатаму изгледа многу природно и убаво.