Како Американка во Германија, кога првпат отидов на игралиштето во Берлин, сосема полудев. Германските родители стоеја сите заедно на едно купче и пиеја кафе, додека децата се качуваа на високи и опасни лулашки.
Бев во шок, прашувајќи се каде се сите гумени подлоги, предупредувачки знаци за опасност и слично.
Јас речиси плачев додека викав: Внимавај! Немој! Германските родители наспроти нивната општа строгост, кон децата воопшто не се строги, туку свесни за големото значење на развојот на независноста и одговорноста кај децата.
Тие родители во паркот не ги игнорираат своите деца, туку имаат доверба во нив.
Ова се неколку работи кои може да се научат од германските родители:
1. Не инсистираат децата да читаат
Во берлинските градинки нема академски очекувања од децата. Воспитувачките и родителите ме советуваа да не го форсирам детето да чита, дека тоа треба да го почне кога ќе дојде време, односно кога ќе тргне на училиште.
Во градинката е време за игра и друштвен развој. Но, дури и во прво одделение нема притисок и преголеми очекувања. Сè тече лесно и мазно.
Ако помислувате дека ваквиот начин на образование и развој не дава добри резултати, статистиките он некои истражувачки институти го покажуваат спротивното, бидејќи германските ученици покажуваат врвни резултати во многу научни области.
2. Ги поттикнуваат децата да си играат со оган
Нормално е децата да добијат вежба или проект за пожар кога им е дозволено да палат свеќи, кибрит и други работи. Тоа е во ред, но само додека и родителите се вклучени во проектот.
3. Ги пуштаат децата скоро секаде да одат сами
Повеќето деца одат сами во училиште, но одат сами и на сите дополнителни часови и обврски кои ги имаат во околината на својата населба. Некои дури го користат и метрото. Германските родители се загрижени поради безбедноста, но обично тоа се однесува на сообраќајот, а не на киднапирањето.
4. Прават забава пред да тргнат на училиште
Берлинските родители слават 3 важни денови: поаѓање во училиште, 14-от роденден на детето и свадбата. Тие забави се неизбежни.
Забавата пред првиот училиштен ден сите деца со нетрпение ја очекуваат. Обично се одржува во училиштето и е во сабота. Сите деца добиваат големи подароци на кои тие се радуваат уште многу долго. Веднаш по журката во училиштето, славењето продолжува и дома, за пријателите и роднините. Еуфоријата покажува дека пред нив е голем момент и животна промена која треба да ги мотивира за да учат.
5. Ги пуштаат децата надвор секој ден
Според германската изрека: Не постои лошо време, туку лошо избрана облека. Значењето на одморот надвор е поважно од каква и да е климата. Колку и да е сиво и студено, децата играат одреден период во денот надвор низ парковите кои ги има во голем број.
Се трудам да се опуштам и да ги прифатам нивните навики. Правам мали чекори и отстапки, дозволувајќи му на мојот 8-годишен син да се качува на некои брда, да оди сам до пекара, иако морам да признаам наоѓав простор за да го гледам и да внимавам на него, без тој да знае.
Колку вие би ги прифатиле ваквите навики?