Пред да се впуштите во нова врска или да се врзете на било кој начин, прво откријте какви жени му одговараат според хороскопскиот знак. Или пак мажи, искористете ги следниве описи за да си ја пронајдете идеалната жена.
Овен
На Овенот најважно му е партнерката да мисли дека е најубав, најдобар и најпаметен. Ако се обиде на било кој начин да му противречи и да му го сруши егото, ќе биде елиминирана. Овенот има свој распоред и живот, па ако жената успее да се вклопи - супер. Во спротивно - ништо. Важно е тој да не треба да прави компромис.
Бик
Сака девојка со која ќе може да се забавува, затоа што Бикот сака да ужива, а не некој да го попречува неговиот мир. Така што ако мислите дека може било кога да му се јавите, грешите. Покрај тоа, мора се да испланирате однапред, но во склад со неговиот распоред и желби. Ако не сте талентирани за готвење, исто така најпаметно ви е да не му се приближувате.
Близнаци
Близнаците очекуваат нивната девојка да се однесува како вечна тинејџерка. Тоа е добрата страна, но Близнаците знаат да се однесуваат многу незрело и за сериозните работи. Ако не сакате да се допишувате и слушате вечно, заобиколете го овој знак. Него не можете да го наканите да направи нешто што вие сакате, ниту е подложен на манипулации. Како еден манипулатор може да си дозволи такво нешто? Празните приказни може да ги води цел ден.
Рак
Расположението му се менува премногу брзо, а со оглед на тоа што постојано е напнат, лесно може да избувне. Имајте го тоа на ум. Него мора да му се угодува постојано. Тешко дека ќе се изборите со него за двајцата да бидете задоволни, затоа што на Ракот му смета буквално се. ќе мора да поразговарате со неговата мајка ако сакате да добиете добар совет. И да, семејството му е на прво место, затоа не се борете со тоа. Ако не сте подготвени за прилагодување, тогаш само продолжете понатаму.
Лав
Дефинитивно најгласниот и најнападен маж во Зодијакот. Ако не му обрнувате доволно внимание и го запоставите на само еден ден, веднаш ќе ви побара замена. Не може да поднесе ако не е се по негово, па дури и кога греши. Ако не сакате да слушате монолози во кои ќе се фали или не сакате да го фалите секојдневно, најдобро е да се откажете од Лавот.
Девица
Педантен, убаво облечен, испеглан и секогаш среден - вака ќе го познаете мажот во знакот на Девица. На се и сешто може да пронајде маана, но и на себе. Цинизмот го чува во малечки шишенца и не можете да го убедите дека сте во право. Можеби планира цел живот да го помине со вас, но сепак ништо нема да преземе. Овој маж никогаш нема да поднесе односи и емоции кои се помалку од совршени. Затоа, ако и вие не сте перфекционист - бегајте.
Вага
Неодлучноста и непријателскиот став се двете маани ма овој маж. Но, за среќа секогаш може да направи компромис. Во прво време ќе ви биде тешко да разграничите дали е заљубен или само добро воспитан. Овие мажи никогаш не сакаат да се сами, секогаш се со семејството или пријателите, а ако имаат време ќе се видат и со вас. Добрата страна е што знаат да се извинат, а она што никако не го сакаат се бесмислените кавги.
Скорпија
Овој маж тешко се врзува, а склон е и кон мешање на сексот со љубовта. Него му е важно да ја добие дневната доза задоволство, се друго може да почека. Љубоморен е и посесивен затоа што е често несигурен. Ако мислите дека имате вишок енергија и фантазии, тогаш посветете му се. Во спротивно, ако не сте подготвени за тотална посветеност, не влегувајте во никаква врска со него. Со Скорпијата нема компромис и каење.
Стрелец
Непостојан и променлив, овој весел маж нема долго да се задржи покрај вас ако постојано му го контролирате времето и му ги наметнувате ставовите. Тој ја сака слободата повеќе од се и не планира ништо да промени кај себе, туку очекува партнерката да го следи неговиот ритам. Никогаш не знае што сака, но знае што не сака. Својата животна филозофија нема да ја промени за ништо на светов, затоа не му кажувајте што да прави. Во спротивно, со задоволство ќе ве испрати до вратата.
Јарец
Тој може да зборува со денови, но и да чека со денови. Тоа не ви оди во прилог ако чекате Јарецот да го направи првиот чекор. Иницијатива речиси и да нема во него, затоа не очекувајте многу. Ако е веќе во врска, мора се да биде по прописи. Бавен е, но и темелен. Треба да ги издржите сите негови тестови. Ако немате трпение, подобро е да го избегнувате како партнер.
Водолија
Тешко е да го наканите да се ожени и врзе, затоа не се надевајте премногу. Тој сака да живее за друштвото, за излегувања, мажот Водолија не е за заедница која вклучува обврски. Бракот не го сфаќа сериозно, односно се однесува како воопшто да не постои, тоа е само хартија. Неговата тајна е во тоа што ќе прифати само жена која сака да му биде пред се пријател, па потоа се друго. Додека не најде таква, верноста нема да му биде силна страна.
Риби
Тешко се отвора пред било која жена, затоа прво мора да биде сигурен дека се работи за жена која ќе сака да се вклопи во неговиот живот, па потоа да тргне во акција. Важно му е партнерката да не го ограничува, затоа што таквата врска му ја црпи енергијата. Љубител е на музика и филмови, па ако не сте заинтересирани за уметност или прилагодување, тогаш тргнете се на страна. Не се заљубува лесно, затоа многу важно е да оставите добар прв впечаток.