Свадба од ведро небо: Се венчале Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер?

Светските медиуми на големо пишуваат дека убавата српска тенисерка Ана Ивановиќ се омажила за познатиот германски фудбалер.

Оваа информација веќе неколку денови е тема во светските медиуми, кои истакнуваат дека убавата тенисерка и фудбалерот на Баерн Минхен се венчале во присуство на мал број гости, роднини и пријатели.



„Немам коментар“, кратко порачала една од најубавите тенисерки на денешницата за „Times”.

Официјални потврди нема, но светските медиуми пишуваат дека парот бил виден пред неколку недели во златарница во која заедно одбрале дијамантски прстени, а Ана пред неколку дена била видена во Рим со прстен на левата рака.



„Ана и Швајнштајгер си ветиле бескрајна љубов на интимна церемонија на непозната локација. На тајната венчавка присуствувале најблиските роднини од двете страни и неколку најблиски пријатели“, пишува La Gazzetta dello Sport.

Во секој случај, наскоро ќе дознаеме дали Ана станала госпоѓа Швајнштајгер.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О