Нема сендвичи,нема сокови,нема 500 денари ама има народ #протестирам pic.twitter.com/WeutG5wbdc
— Ѓеронимо (@MarianKuzma) May 17, 2015
И во Кисела Вода не ги пуштаат едно 10 бусови. Не им текнува дека 2 км пешки се одат? :) pic.twitter.com/47ii5hd4gh
— frosina (@frosinaaa) May 17, 2015
Повеќе од 3.000 битолчани тргнаа на пат за Скопје да го поддржат митингот на опозицијата. Во долгата колона од Битола се 19 автобуси, 14 минибуси и 300 автомобили со битолчани кои ќе го поддржат митингот во СкопјеНиту еден од битолските превозници не се нафати да вози за опозицијата. Под изговор дека се на тешка мака и силни притисоци синоќа откажал и последниот автобиски превозник. Па така ноќеска битолските социјалдемократи едвај успеале да ангажираат 19 автобиси од Тетово , Кичево и Неготино.
Пратеникот и лидер на битолските социјалдемократи Васко Ковачевски за „Мета“ потврдува дека над 3.000 битолчани се на пат за Скопје , колоната е пред Плетвар и засега нема проблеми.
-И покрај сите маки и тешкотии со кои моравме да се соочиме овие денови при организацијата битолчани да ги однесеме на митингот во Скопје сепак успеавме. Ова покажува дека Битола има опозициско расположение и граѓаните се силно мотивирани да и кажат не на оваа Влада – рече Ковачевски.
Од кого се браните со тешка артилерија? Од народот?? #протестирам #ЗбогумНикола #долувлада pic.twitter.com/hgHKOdW6tY
— Hans-el (@icemannmk) May 17, 2015