Како што соопштува Форумот, длабоко се разочарани и огорчени од двојната квази-патриотска политика на Никола Грувески.
- Маските паднаа. Од вчера на сите ни е јасно дека лажниот патриотизмот на Груевски, бил и сеуште, е само средство за голо останување на власт без оглед на последиците по државата и граѓаните. Груевски непростливо ја подели Македонија, го подели народот на наводни патриоти и наводни предавници, а од вчера се гледа дека согласно неговиот критериум – токму тој е најголемиот предавник, се вели во соопштението на Форумот.
Тие повторно го повикуваат Груевски да се повлече додека е време и сите заедно да не спаси од оваа криза и политичка агонија во која се наоѓа Македонија.
Форумот, како и сите други фактори сугерира формирање на влада на национално единство која ќе ја надмине оваа тешка криза и која забрзано ќе направи политичко- економска стабилизација и евро-атланска интеграција на Македонија.
- Форумот, во однос на протестите, укажува дека сценаријата за меѓусебен судир на демонстрантите или непотребната или прекумерна употреба на сила на полицијата ќе се сметаат за деструктивен акт на нарушување на вкупната државна безбедност.
Форумот ги повикува сите државни и јавни служеници заедно со полициските службеници крајно професионално да си ги вршат своите должности и да не прифаќаат, ниту подлегнуваат на наредби или насочувања од надредените со кои би ставиле над законот а сите неправилности да бидат пријавувани и документирани.
Форумот им укажува на сите членови на политички партии дека учеството на протести треба да се одвива на доброволна база како уставно загарантирано право.
- Никоjа политичка партија не смее да врши притисок за учество на протест врз основа на некакви списоци, фотографирање и слични квази-мерки на бележење и уценување. Тоа е понижувачки акт на недоверба во луѓето и во нивните убедувања. Форумот ги охрабрува партиските членови, особено на ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на сценарија за притисок за некаква мобилизација кои се насочени кон конфронтација кон граѓаните кои учествуваат на протестот - Граѓаните за Македонија, стои во соопштението.