Ермира Мехмети: Време е за оставка на Груевски


Ермира Мехмети, пратеничка на ДУИ во парламентот преку Фејссбук му порача на премиерот Никола Груевски дека е време кога треба да поднесе ставка.

Мехмети напиша дека гласала за оваа влада зошто верувала дека ќе ја внесе земјата во НАТО, ќе почне преговори за членство во ЕУ, ќе ги зајакне демократските вредности, ќе ги реализира ветувањата за целосна рамноправност.

Но во меѓувреме, како што напиша Мехмети, владата ја изолирала земјата од сите меѓународни партнери, го уништила позитивниот имиџ на државата, воведе авторитаризам, одбивала дијалог..

-Доста е. Ниту граѓаните, ниту меѓународната заедница не поддржуваат недемократско владеење. Ова е време за оставката на Груевски, напиша Мехмети.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О