Бизарна снимка од тренинг на ИСИС: "Jihadis got talent"


Исламската држава објавила "бизарна" видео снимка во која бил прикажан начинот на кој џихадистите тренираат, пишува "Daily Mail".

Како што се наведува, ова е уште еден вид на пропаганда на терористичката организација, која во видеото го прикажува својот начин за подготовка за борби и низа "циркуски трикови".

На снимката е прикажано како џихадистите скокаат низ огнени кругови и висат на решетки, а исто така е прикажан и начинот на кој се им помага на повредените екстремисти.

Како што е наведено, снимката е објавена на социјалните мрежи, а се претпоставува дека е направена во сирискиот град Хомс, каде што на почетокот на оваа седмица ИСИС убил две лица, обвинети дека се шпиони на Асад.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О